Македонскиот првак одбројува до стартот на фајнл-фор завршницата во Келн, каде во полуфиналето (први јуни) силите ќе ги одмери со Барселона.

Пред да заминат за Германија, Роберто Гарсија Парондо и неговите избраници имаат уште една домашна задача, да го одиграат градското дерби со Металург во последното коло од Супер-лигата. Иако титулата е обезбедена и овој дуел се очекуваше да се одигра по завршување на Ф4, сепак во последен момент распоредот беше променет.

Со оглед на тоа дека ги чека важната битка со каталонскиот гигант, на утрешниот дуел со Металург, „црвено-црните“ ќе излезат со комбиниран состав, како што беше против Пелистер.