Битките за пласман во финалето во мак-баскетот продолжуваат утре. Работнички и МЗТ Скопје ја искористија предноста на домашен терен, поведоа со 1-0 во пресметките со Блокотехна односно Гостивар.

Поразените пред утрешната втора средба бараат поддршка од домашната публика. На прво место е Гостивар, единствениот тим кој оваа сезона константно играше пред полни трибини испрати порака до фановите.

Овој пат тоа го стори на поинаков начин, поточно на пет јазика меѓу кои и кинескиот пиша: Дојдете за да не ви раскажуваат…

Прв меч на програмата утре е Гостивар – МЗТ Скопје (18 часот), два часа подоцна поточно во 20:15 силите ќе ги одмерат Блокотехна – Работнички.