Ден по завршување на првенството, раководството на Македонија ЃП, еден од оние тимови кои ќе играат во Европа, реши да ги раскине договорите со двајца свои фудбалери. Тоа се левиот бек Изалдо Браз и централниот дефанзивец Андре Пеналва. Со тоа се намали бразилската колонија во Ѓорче од петмина на тројца.

Немаме информација дали уште некој од постоечкиот кадар ќе мора да го напушти клубот, но челниците на „лавовите“ велат дека имаат намера адекватно да се засилат и за следната сезона, посебно за настапите во Европа. Да потсетиме дека Македонија ЃП сезоната ја заврши како петта во првенството и како финалист во Купот.