Чешката тенисерка Петра Квитова нема да настапи на Отвореното првенство на Франција. Таа го откажа настапот неколку часа пред почетокот на Ролан Гарос, а причината за отказот е повредата на левата рака.

„Разочарана сум што морам да соопштам дека се повлекувам од Ролан Гарос. Имам болки во левата подлактица неколку недели, а вчерашните прегледи и магнетната резонанца покажа дека се работи за скинат мускул и доколку играм денеска може само да направам поголем проблем“ – изјави Квитова која во првото коло требаше да се сретне со Романката Соран Кирсти.

 

Квитова раката ја повреди пред десетина дена во осминафиналето на турнирот во Рим (по што беше принудена да го предаде мечот), а нејзиното место на Ролан Гарос ќе го пополни 18-годишната Словенка Каја Јуван.