Загревањето за Ф4 во Келн, каде треба да го гледаме најдоброто досега во Лигата на шампионите сезонава, ЕХФ го прави на најдобар можен начин, нудејќи ни ги моментите поради кои скокавме од столчињата во изминативе девет месеци.

Фантастичните погодоци на најдобрите ракометари во Европа и светот, оние поради кои и коментаторите „полудуваа“ за време на преносите… а меѓу кои се и головите на македонскиот репрезентативец Дејан Манасков, потоа „џиновскиот“ цепелин на Даинис Кристопанс по асистенција на Игор Карачиќ, како и погодокот од „мртов агол“ на Тимур Дибиров на последното гостување во Сегед.

Видеото од најдобрите голови сезонава досега во Лигата на шампионите може да го видите ТУКА.