Андре Вилаш-Боаш, или како што го нарекуваат „малиот Мурињо“, ја превзеде клупата на Олимпик Марсеј. На Боаш последен ангажман му беше кинескиот Шангај со кого стигна до полуфиналето во азиската ЛШ во 2017 година.

Вилаш-Боаш во минатото беше тренер на Порто, Челзи, Тотенхем, Зенит. Тој во Марсеј доаѓа на местото на Руди Гарсија кому му истече договорот и си замина од францускиот клуб.

Интересно е тоа што Боаш најмногу на тренерската клупа се задржа во Зенит (две години), додека во другите клубови беше само по една година.