Фудбалскиот клуб Милан на својата официјална интернет страница објави дека спортскиот директор Леонардо си поднел оставка од функцијата, само неколку часа претходно откако и тренерот Џенаро Гатузо го стори истото.

„Клубот сака да му се заблагодари на Леонардо за сегашната соработка што помогна клубот да оди напред во нова ера, и му посакува нему се најдобро во кариерата“, се вели во официјалното соопштение на Милан.

Веќе наголемо се шпекулира дека Игли Таре ќе седне на неговото место. Таре сега ја извршува функцијата спортски директор на Лацио.