Очекувано, и оваа фајнл-фор завршница во Лигата на шампионите ќе се игра пред полни трибини. Повеќе не можат да се најдат билети за ракометниот сепактакл во „Ланксес Арена“ чиј дел ќе биде и македонскиот првак, Вардар. Билетите се распродадени, точно 19,750 фанови ќе бидат сведоци на уште на голема битка за трофејот во елитното европско клупско натпреварување.

Она што е познато е дека „црвено-црните“ ги продадоа сите 400 билети кои ЕХФ им ги додели, земајќи ги во предвид претходните две години за Вардар треба да навиваат околу 1.000 фанови, а може и повеќе.

Оние кои задоцнија со купувањето на карти, последната шанса за нив се „тапкарошите“, кои секоја година можат да се најдат пред „Ланксес Арената“.

Фановите на македонскиот тим треба година по ред ќе биде сместени во блокот 218, дополнителни места се резервирани иза блоковите 629 и 630. Роберто Гарсија Парондо и неговите избраници во полуфиналето закажано за први јуни силите ќе ги одмерат со Барселона.