Поранешниот ракометар на Вардар Лука Циндриќ е многу блиску да потпише со тимот на Барселона. Ова го потврдил и претседателот на Киелце Бертус Серваас во едно интервју во кое нагласил дека се борел да го задржи еден од најдобрите ракометари во Светот.

„Во последна фаза сме од преговорите. Овој викенд ќе разговараме со Барселона и многу веројатно дека ќе ги завршиме преговорите успешно. Постојат некои мали разлики, но тие не влијаат на трансферот. Лука е среќен тука, но сака да игра за Барселона. Тоа е понуда која тешко се одбива. Но, имам впечаток дека еден ден ќе се врати“, изјави Серваас.

 

View this post on Instagram

 

@luka_cindric25 ➡️ @fcbhandbol ‼️ Source: @stregspiller

A post shared by Hballtransfers.com (@hballtransfers) on