Јапонската тенисерка Наоми Осака успеја да го преживее првото коло на Ролан Гарос откако со пресврт, 0:6, 7:6 (7-4), 6:1 ја победи Ана Каролина Шмидова од Словачка.

Најдобрата тенисерка на светот мечот го отвори со многу проблеми и првиот сет го загуби без да освои гем, а потоа спаси меч топка и имаше комплетен кам-бек. Осака доминираше во последниот сет и си обезбеди место во второто коло.

Следен противник на Осака е Белорусинката Викторија Азаренка, која со 2:0 (6:4, 7:6 (7-4)) ја совлада Јелена Остапенко во првото коло.