Полуфиналниот противник на Вардар на Ф4 во Келн, Барселона се смета за главен фаворит за освојување на титулата во Лигата на шампионите, но дури и на Каталонците им е јасно дека во „Ланксес“ арената не се фаворитите тие кои се радуваат на крајот.

Барса го почувствува тоа на сопствената кожа пред две сезони, кога во полуфиналето беше елиминирана токму од Вардар, па поучена од тоа искуство со големо внимание влегува во обидот по третпат (по 2011 и 2015) да го дојде до шампионската титула во Келн.

„Натпреварот во сабота со Вардар е финале за нас. Тоа е мечот ’да се биде или не’, во кој мора да дадеме сè. Ако победиме тогаш ќе може да мислиме на финалето в недела, дотогаш постои само Вардар, ништо друго“, потенцира тренерот на Барселона, Чави Пасквал.

Искусниот Шпанец со голема почит зборува за Вардар.

„Барселона е фаворит на Ф4, а ситу други имаат проблеми. Ќе ве потсетам дека Вардар и во 2017, кога ја освои Лигата на шампионите имаше финансиски проблеми. Со тоа се носат и цела сезона, но некако не влијае на нивната игра. Имам комплетна почит кон Вардар и неговите ракометари, тие се секогаш расположени за надигрување, а тоа ги прави многу опасни… Роберто направи одлучна работа со тимот на секој начин. Вардар е одбранбено многу моќен, има високи играчи и физички силни, со добра дефанзивна структура која може да одговори и на 6-0 и на 7-6. Мора да бидеме многу внимателни, ќе биде многу тешко да се запрат, особено Кристопанс. Тој може да нападне од секоја позиција и ќе ни биде потребна скала за да го запреме него“ – се пошегува Пасквал.