Откако Лудогорец ја освои титулата со сомнителна победа над Черно Море (гостите раскинаа договори на играчи непосредно пред мечот), УЕФА му наложила на бугарскиот фудбалски Сојуз, да покрене истрага по повод овие резултати, а европската куќа на фудбалот реагира по жалба на ЦСКА Софија.

Имено, раководството на Черно Море драстично го ослабела составот пред последниот меч со Лудогорец, со тоа што истиот ден кога бил и мечот, на неколку играчи им соопштил дека не се повеќе дел од клубот.

Со тоа тимот од Варна допатувал во Разград за „сигурен“ пораз, што на крајот се случил.

Сега ако се покаже истрагата дека Черно Море намерно го сторило ова, тимот ќе се соочи со казна, а не е познато дали и Лудогорец ќе го „извлече“ подебелиот крај.