Арсенал вечерва го очекува битка за трофејот во Лигата на Европа, но „топчиите“ ги очекува уште поголема битка и тоа за потписот на Македонецот Елиф Елмас.

Како што известуваат утринава медиумите на Островот, посебно ЕКСПРЕС се занимава со „дијамантот“, раководството на Арсенал сака да им ги замрси сметките на својот лут ривал, тимот на Тотенхем кој пак се најавува како фаворит за потписот на Елмас.

Се известува и тоа дека и двата клуба веќе подлго време праќале извиднички мисии во Истанбул, на средбите на Фенербахче.