Пред стартот на фајнл-фор завршницата во Лигата на шампионите ракометните експерти се свртени кон она што не очекува, но и сето она што можевме да го видиме оваа сезона.

Порталот „handball-planet“ традиционално ја подготви листата на најдобро потрешени пари или листа на најдобри трансфери. На првото место се најде голманот на Вардар, Дејан Милосављев, и со право. Ова младо момче во Скопје дојде како анонимус, никој не веруваше дека целосно ќе успее да го замени Арпад Штербик, без претходно искуство во Лигата на шампионите.

Но, Милосављев го прифати предизвикот, веќе на првиот меч најави дека „црвено-црните“ може да се потпрат на него. Храбро го предводеше Вардар од натпревар во натпревар, тој е еден од клучните фактори за хет-трикот на Ф4 во Келн.

Во продолжение погледнете ја листата на најдобри трансфери оваа сезона на овој ЛИНК.