Од година во година фајнл-фор завршницата во Келн станува се попримамлива дури и за оние земји каде најмалку очекуваме дека ќе се гледа ракомет. Додека ние Македонците ќе се мачиме со линкови или пак ќе бараме кафулиња, ќе одиме на гости кај пријатели кои имаат Арена Спорт, земјите како Сомалија, Џубути, Коморос, сите кои припѓаат на регионот Суб-Сахара.

ЕХФ и официјално потврди дека на повеќе од 110 територии ќе се следи битката за пехарот, додека 42 ТВ-куќи ги откупиле правата за пренос, секако меѓу нив нема ниту една македонска телевизија.

Полуфиналето се игра во сабота, силите ќе ги одмерат Веспрем – Келце и Вардар – Барселона.