Пред самиот крај на дуелот меѓу Гостивар и МЗТ Скопје беше жешко на теренот. Не станува збор за пресметка меѓу кошаркарите на двата тима, туку за искра меѓу играчите на домашниот тим и публиката. На никого не му беше сеедно, додека Дамјан Стојановски зведуваше слободни фрлања, некој од трибините дофрли по некој збор, прво се упати Александар Костоски кон нив, а потоа долета Јурај Сегариќ. Хрватскиот плејмејкер се обиде да се пресмета, но беше спречен од страна на полиција.

Денеска за гостиварскиот портал „gostivarpress.mk“ тој се извини за својата постапка.

„Им се извинувам на сите во публиката, на клубот и на нашите навивачи за она што се случи. Во жарот на борбата помислив дека некој од страна и намерно не провоцира и изреагирав импулсивно. И сега не знам што точно се случи. Се извинувам за сите уште еднаш, навистина ми е жал. Ќе се борам за вас засекогаш“.

Со сооптешние излезе и КК Гостивар:

Инцидентот може да го видите на 1:23