На официјалниот сајт на КФСМ пред малку излезе поширок список на кошаркари кои во понеделник ќе стартуваат со подготовки за Европското првенство (дивизија Б), но не и името на селекторот кој ќе биде задолжен за овој национален тим. Првиот тренинг на оваа репрезентација ќе се одржи во спортската сала „Градски Парк“ во Скопје со почеток во 10 часот наутро.

По завршување на Изборното Собирание на кое Перо Антиќ беше одбран за нов претседател засега нема никакви официјални информации околу изгледот на Управниот одбор, како и блиските соработници на лидерот на КФСМ, ниту пак за промените околу селекторските места.

Пред една недела Тони Симиќ сам на својот официјален „Фејсбук“ профил се пофали дека тој ќе биде селекторот токму на оваа репрезентација до 18 години, но потоа брзо ја тргна објавата, најверојатно заборави дека ваквите одлуки се носат на седница на Управен одбор на кој се формира нов Стручен Совет, а не самоволно.