Турските медиуми утрово објавија дека Бешикташ постигнал договор со Абдула Авчи за преземање на кормилото на тимот. Станува збор за досегашниот тренер на истанбул Башакшехир, кој ќе се пресели на тренерското место во Бешикташ со договор на 3 години.

Истиот треба да биде потпишан утре, по што од клубот и официјално ќе го претстават.

Авчи не успеа со екипата на Башакшехир да ја освои титулата во Турција кваа сезона, откако во финишот беше „претркан“ од Галатасарај. Авчи во Бешикташ ќе го замени Шенол Ѓунеш кој замина на кормилото на репрезентацијата. Од клубот доаѓаат и вести дека наскоро ќе биде откупен договорот на Адем Љајиќ, а веќе се преговара и за доаѓање на Кевин-Принс Боатенг.