Репрезентацијата на Македонија одработи уште еден тренинг како дел од подготвителната кампања за натпреварите против Полска и против Австрија кои се играат на 7. односно на 10. јуни во Скопје.

Селекцијата и натаму е некомплетна, а се чини дека до официјалниот старт, до кој остануваат уште два дена, селекторот Игор Ангеловски ќе ги има сите играчи на располагање. Последен се приклучува Дејан Илиев кој вчера беше дел од финалето во Лигата на Европа.