Во тек е Светското првенство за фудбалери до 20 години во Полска, а денеска Норвешка го победи Хондурас со 12:0 во меч од групата Ц. Освен впечатливата и убедлива победа на „викинзите“ впечатлив, сензационален натпревар одигра  Ерлинг Браут Халанд кој постави рекорд што никој нема да го урне во брзо време.

Норвешкиот фудбалер постигна дури девет гола на овој меч што е апсолутен рекорд на Мундијалите уривајќи го претходниот рекорд на Бразилецот Адаилтон кој дал шест голови во победата на неговата селекција над Јужна Кореја со 10:3 на СП У20 во 1997 година.

Ова фудбалер има само 18 години, роден е во Лидс, а првите фудбалски чекори ги направил во норвешки Брајне. Во 2016 дебитира за овој клуб, а наредната сезона потпишува за Молде, додека од август минатата година е член на Ред Бул Салцбург.

Ова му е четврти настап за Норвешка У20, а има настапи за сите младински селекции на оваа држава вклучувајќи ја и У21.