Поранешниот тренер на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо именуваше двајца клучни играчи од Ливерпул и Тотенхем, кои утре можеби ќе бидат и одлучувачкиот фактор за новиот европски фудбалски шампион.

„Ако треба да одберам по еден играч кој може да биде клуч на ова финале, тогаш во Ливерпул тоа сигурно би бил Вирџил Ван Дајк, додека кај Тотенхем Кристијан Ериксен“, вели Португалецот.

„Секогаш велам дека тимот кој имал некоја необична патека до финалето има мала предност. Овој финале е неверојатено, бидејќи и двајцата учесници до овбде дојдоа на неверојатен начин. Ова ќе биде финале, во кое двата тима влегуваат со претчувство дека веќе го имаат трофејот”, дополни Мурињо.