Шпанскиот тенисер Рафаел Надал, обезбеди пласман во 1/8-финалето на Ролан Гарос, откако денеска успеа да слави на мечот со 27. фаворит на третиот годинешен Грен Слем турнир, белгијанецот Давид Гофин. 

Вториот носител на турнирот славеше во четири сета со резултат 6:1, 6:3, 4:6, 6:3. Средбата траеше 2 часа и 49 минути, a Надал потврди дека е во добра форма и дека останува еден од двајцата најголеми фаворити за освојување на турнирот. 

Следниот противник на Надал ќе биде Аргентинецот Хуан Игнасио Лондеро.