Вардарова доминација во традиционалното претставување на ол-стар тимот на ЕХФ во јубилејната сезона во Лигата на шампионите. Тимур Дибиров и Иван Чупиќ се на крилните позиции, Даинис Кристопанс како најдобар десен бек и дебитантот Дејан Милосављев е најдобриот голман на сезоната според изборот на публиката.

Тимот го предводи Роберто Парондо, кој исто така во првата сезона како тренер на еден голем клуб е избран за најдобар стратег во Лигата на шампионите.

 

ИДЕАЛЕН ТИМ

Голман: Дејан Милосављев (Вардар)

Лево крило: Тимур Дибиров (Вардар)

Лев бек: Микел Хансен (ПСЖ)

Среден бек: Кенте Мае (Веспрем)

Десен бек: Даинис Кристопанс (Вардар)

Десно крило: Иван Чупиќ (Вардар)

Пикер: Јулен Агинагалде (Келце)

Одбранбен играч: Блаж Благотиншек (Веспрем)

Најдобар млад играч: Лудовик Фабрегас (Барселона)

Тренер: Роберто Гарсија Парондо (Вардар)