Невидени мерки се преземаат од надлежните во Мадрид пред утрешното спектакуларно финале во ЛШ, во кое се среќаваат Ливерпул и Тотенхем.

За првпат фановите на двете екипи, дел од нив се веќе пристигнати, ќе се надгледуваат со помош на дрон. Додека ангажирани се вкупно 4.700 полицајци и обезбедувачи од приватни агенции. Оваа бројка е за 700 лица поголема од онаа кога во Мадрид играа Ривер и Бока во финалето на Копа Либертадорес.

Според првиот човек на полицијата во Мадрид, овие мерки гарантираат дека самиот настан ќе измине во најдбар ред. Се очекува инвазија од 100.000 англиски навивачи да бидат во Мадрид, од кои само 1/3 имаат билети.