Вардар со негатива од седум гола (16:9) оди на полувремето во вториот полуфинален меч на Ф4 во Келн во Лигата на шампионите, а на теренот не само што се бори со Барселона, туку и со судиската двојка од Летонија.

Барселона тргна самоуверено преку Мем и Гомез за 0-2, а тоа што Роберто Парондо се обиде да нападне со „7 на 6“ им одеше во прилог на Каталонците. Сепак Милосављев се испречи, стоеше сигурно Србинот на вардаровиот гол, па овозможи Шишкарев и Скубе да вратат на 2:2.

Се држеа „црвено-црните“ егал до 4:4, кога се случи вистинска лакрдија на теренот, главната улога ја имаа арбитрите Зигмар Сандорс и Ренар Лицис. Наместо две минути исклучување, Мем доби само жолт картон, на другата страна имаше слична ситуација, но Калараш беше казнет со исклучување. Тука не застанаа делителите на правдата, Кристопанс беше сопрен да реализира напад, досудија фаул, ударот на Скубе заврши во рацете на Де Варгас. Барселона лесно дојде до гол, мрежата на Вардар беше празна. На крајот врв на се, беше исклучувањето на Скубе. Каталонскиот гигант до овој момент нема ниту едно исклучување. Резултати отиде на највисоки, 7:4.

Иако добро се држеа во одбрана (пред се Милосављев), сепак не успевавме да реализираме (загубена топка, Кристопанс во дирекот) и сето тоа значеше водство на ривалот 9:6.

Се враќаа вардарци, се бореа, но не можеа и против Барселона и против летонската судиска двојка, која видливо беше наклонета кон ривалот.

По реализираниот седмерец на Чупиќ (10:8), каталонскиот гигант врати со серија од 4-0 за најголема предност од шест гола, 14:8, а ниту двата тајм-аути на Парондо не беа доволни да се запре противникот.