Презентацијата на Еден Азар во Реал е само прашање на ден. Се е готово, Челзи демек прави „проблеми“, но секогаш е така кога „кралевите“ купуваат мега – ѕвезда. Сетете се само колку денови и недели беше Реал во центарот на вниманието при доаѓањето на Роналдо, Бејл, Хамес и другите ѕвезди на летните преодни рокови. Знае Флорентино Перез каков публицитет му треба на неговиот клуб. Инаку Азар, на негова жал нема да го носи дресот со број 10, тој е на Модриќ. Ќе мора се утеши со седмицата на Роналдо од пред една година, а во последната сезона тој број го носеше Маријано Дијаз.