Германецот во вардаровите редови Кристијан Дисингер, комплетно збунет, се обидуваше да најде зборови со кои ќе објасни како се чувствува, што ова значи за него.

„’Храбро срце’ е ништо во споредба со ова! Не знам што да кажам, Барселона е за мене најдобриот тим на светот… Едноставно е неверојатно… Како на филм! По она прво полувреме, негативата од седум гола…, а потоа чудо“ – констатираше Дисингер.