Чудно, навистина чудно…Како некој да не сака Вардар да го види во финале. Барселона уште стартот има поддршка од судиите и тоа видлива. При 4-4 се случи вистинска лакрдија на теренот, главната улога ја имаа арбитрите Зигмар Сандорс и Ренар Лицис.

Наместо две минути исклучување, Мем доби само жолт картон, на другата страна имаше слична ситуација, но Калараш беше казнет со исклучување. Тука не застанаа делителите на правдата, Кристопанс беше сопрен да реализира напад, досудија фаул, ударот на Скубе заврши во рацете на Де Варгас. Барселона лесно дојде до гол, мрежата на Вардар беше празна. На крајот врв на се, беше исклучувањето на Скубе. Каталонскиот гигант до овој момент нема ниту едно исклучување. Резултати отиде на 7-4.