Вардар е во финале!!! Да, да, Вардар, оној кој го отпишаа на почетокот на сезоната, оној на кој никој не му даваше шанси… Да, тој Вардар, повторно ја „урна“ големата Барселона и приреди сензација каква што Европа ретко има шанса да види.

Барса беше фаворит, но постоеше доза на резерва, со оглед на тоа дека кога е Вардар во прашање никогаш не се знае… Едно е сигурно, кога ќе „грмне“ ранетиот лав, паѓаат сите фаворити.