Интересни моменти на 20. етапа на престижната велосипедска трка Џиро д’Италија. На 11,3 километри до целта, во борбата за првото место Словенецот Примож Роглич доби помош од публиката. Двајца го туркаа од позади на искачувањето и не направи ништо да ги тргне луѓето од себе, а поради тоа судиите го казнија со 10 секунди.

 

Од друга страна „Супермен“ Лопез имаше незгода откако навивач му влезе во линијата на движење и го собори. А Колумбиецот стана почна да го удира по главата пред да продолжи да вози. Од неговиот клуб Астана се извинија за потегот на велосипедистот, а истакнаа дека ќе се согласат со било каква казна од судиите.

Шпанецот Пело Билбао е победник на 20 етапа, а утре е финалето во Верона.

Во генералниот пласман води Еквадорецот Ришард Карапаз (Мовистар) со време 89:38:28, а зад него е Италијанецот Винченцо Нибали (Бахраин-Мерида) со заостанување од 1:54. Трет е Шпанецот Микел Ланда (Мовистар) со речиси три минути заостанување.