Вечерашното финале од Лигата на шампионите помеѓу Тотенхем и Ливерпул, ќе започне со минута молчење во чест на загинатиот Хозе Антонио Рејес, соопшти прес-службата на УЕФА.

Рејес го загуби животот во сообраќајна несреќа денеска која се случи на југот на Шпанија.

Од него се простуваат сите поранешни клубови, играчи и тренери. Тој имаше 35 години, а во минатото беше дел од Севиља, Арсенал, Атлетико Мадрид, Еспањол, а беше дел и од шпанската репрезентација.