Арон Палмерсон во Келн доаѓа по третиот трофеј во Лигата на шампионите. Тој од Келн има убави и лоши спомени, во 2010 и 2012 година како играч на Кил двапати го подигна трофејот, а потоа две години беше прогласен за МВП на Ф4 (2014 и 2016), но за жал не успеа да се искачи на тронот на Европа.

Палмерсон добро знае како е да се биде на теренот во „Ланксес Арена“, знае дека битките за место во финалето се многу поразлични од сезонските, иако е полн со самодоверба, сепак го почитува делото на Вардар, сите оние игри кои „црвено-црните“ ги покажаа.

„Се согласувам околу фаворитската улога, ние бевме најдобри во групата која ги даде сите учесници на фајнл-фор завршницата. Одигравме два меча и двата ги добивме, сепак не треба да заборавиме дека на овој турнир може се да се случи и затоа сме максимално фокусирани на денешниот дуел“, ни рече Палмерсон и даде мала анализа на Вардар:

„Вардар е опасен тим, тоа го покажа низ сезоната. Имаат добра одбрана и технички квалитетни играчи како Крачиќ и Скубе. Имаат брзи крила, би рекол добри играчи на секоја позиција. Не случајно се тука, Тие опасен тим, брзи крили и добри играчи на секоја позиција“, рече Палмерсон.

Деулот меѓу Вардар и Барселона е закажан со почеток во 18 часот.