Вардаровиот тренер Роберто Гарсија Парондо го однесе Вардар во финалето на својот дебитантски настап на Ф4 во Келн во Лигата на шампионите, а сепак по мечот делуваше толку мирно, толку сталожено, што е дури неверојатно.

„Многу сум среќен и горд на моите играчи. Го победивме најдобриот тим сезоната и сме во финалето“, истакна Шпанецот, а потоа продолжи „Тешко беше да им објаснам на играчите на полувремето дека сум среќен со тоа што го играат. Имавме седум негатива, но им реков дека треба да мислат како да водиме со два гола разлика. Дека само е потребно да ги намалиме грешките и да се смириме. Играчите веруваа во мене, веруваа во себе и беа фантастични..