Познати се првите информации за сообраќајната несреќа во која загина фудбалерот Хозе Антонио Рејес. Според медиумите потпирајќи се на полициски извори околу 11.40 часот автомобилот управуван од 35-годишниот поранешен шпански репрезентативец излетал од патот А376 кој ги поврзува неговиот роден град Утрера и Севиља и се запалил.

Полицијата и пожарникарите бргу реагирале и во најбрз можен рок пристигнале на местото. Откако бил изгаснат пожарот од автомобилот биле извадени две мртви тела. Третото лице во автомобило било однесено во болница во тешка состојба (60% изгореници), а потоа починало. Властите потврдија дека другите мртви тела биле братучеди на Рејес – Хонтан Рејес и Хуан Мануел Калдерон.

Поранешниот член на Арсенал, Атлетико Мадрид, Реал Мадрид, Севиља, според првите информации излетал возејќи со 200 километри на час. Автомобилот е целосно изгорен.