Тиквеш е на чекор до пласман во Првата лига. Попладнево во баражот со 6:3 успеа да го победи тимот на Лабуништа. Кавадарчани во сите елементи на фудбалската игра беа подобри од својот противник и апсолутно заслужено ќе му одат на Силекс, меч кој се игра на 5 јуни исто во Ѓорче/ Кавадарчани уште во раната фаза од мечот поведоа со 3:0 и тоа со головите на Илиоски, Мојсов кој постигна прекрасен гол од слободен удар и Иваноски. Лабуништа во 28. минута Клечкароски успеа да намали на 3:1, со тој резултат се замина на пауза.

Во вториот дел иста слика на теренот во дождливото Ѓорче. Тиквеш подобар, постигна уште три голови, повторно Мојсов беше стрелец како и Делов и Митрев. За поразената страна Клечкароски уште еднаш од пенал стрелаше а гол даде и Реџепи. Се на се заслужена победа на момците на тренерот Димитковски.