Најдобриот вардаров стрелец во Лигата на шампионите сезонава, Даинис Кристопанс (90 гола) е страв и трепет за ривалите на Вардар.

Ако на претходниот ривал, Барселона и Чави Пасквал им требаше скала за да го запрат летонскиот џин, сега и Унгарците „треперат“ пред него. Се бара решение како да се запре масивната движечка сила на „црвено-црните“, кој со 215 сантиметри доминира над теренот и над противничките ракометари.

Кристопанс беше МВП во полуфиналето со Барселона и постигна 10 погодоци, а тоа го прави дополнително опасен за тимот на Давид Дејвис.