Германската судиска двојка, Ларс Геипел и Маркус Хелбиг ќе ја делат правдата на финалето на Ф4 во Келн во Лигата на шампионите меѓу Веспрем и Вардар.

Уште една случајност на патот на вардарци кон новиот европски пехар, со оглед на тоа дека Германците им судеа на „црвено-црните“ и во финалето со ПСЖ, кога Вардар славеше со 24:23.

Интересно е што во „Ланксес“ арената нема германски екипи, а единствениот германски ракометар е во вардаровите редови, а неговите сонародници ќе „свират“ во мечот за титулата.