Големите ривали Ливерпул и Челзи оваа гододина ќе се борат за трофејот во УЕФА Супер Купот. По синоќешната победа на „црвените“ во финалето од ЛШ, стана јасно дека тимот на Јирген Клоп му се придружува на Челзи во првиот европски меч за трофеј пред стартот на новата сезона.

Супер Купот ќе се одигра на 14 август во Арената „Водафон“ во Истанбул.

Ливерпул досега петпати се борел за освојување на трофејот, а трипати успевал да го донесе во своите витрини, додека Челзи само еднаш го има подигнато ова ласкаво одличје во свои раце.