Како бомба одекна веста дека Нејмар, ѕвездата на ПСЖ и на бразилскиот фудбалски национален тим силувал девојка во хотел во Париз на 15 мај. Таа го пријавила Нејмар во полициска станица во Сао Паоло. Полицијата објави дека девојчето било емоционално шокирано и се плашело да реагира во друга земја, пишува „Глобо Ешпорте“.

Но бразилскиот фудбалер не молчеше веднаш се понуди на истражителите, ако има истрага, да соработува и да стави крај на ова лажно обвинение, па дури и се обрати во јавноста со видео порака и ги публикува допишувањата со девојката.

„Ова е тешко обвинение и секако непријатно. Сакам да докажам дека не сум таков и дека не сакам да ме обвинуваат за нешто што го немам направено. Ова е типичен пример на уцена. Очигледно е дека сум намамен во стапица и сега се обидуваат да извлечат пари од мене. Еве кажувам дека не сум силувач. Ги објавив сите пораки што ги разменивме со девојката и сите наши приватни моменти. Она што се случи тој ден е типичен однос помеѓу маж и жена меѓу четири ѕидови, нешто што го прави секој пар. Не се случи ништо лошо. Наредниот ден продолживме да си разменуваме пораки“, изјави Нејмар.

„Сега одеднаш сум обвинет за силување. Искрено, изненаден сум од ситуацијата.Жално е тоа што се зборува за мене, а секој што лично ме познава може да потврди дека не сум таков тип и нема никогаш да направам такво нешто. Паднав во стапица и ова нека ми биле лекција за во иднина. Ќе ја терам правдата до крај. Ќе докажам дека ништо од тоа не е точно“, додаде Бразилецот.

Неговиот татко беше толку бесен што им се закани на тие што сакаат да го наместат Нејмар.

„Ќе платат. Ќе лежат во затвор и „дебело“ ќе платат за тоа што го наумиле. Нема да им пројде. Ќе докажеме дека тоа е лага и ќе сносат сериозни последици“, вели Нејмар сениор.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 3n310ta 🇧🇷 👻 neymarjr (@neymarjr) on