Победата на Ливерпул против Тотенхем на „црвените“ ќе им донесе рекорден износ од наградниот фонд предвиден од УЕФА. Сумата стигна до фантастични 110 милиони евра. Поради самото учество во групната фаза на УЕФА, англискиот гигант освоил 32,5 милиони евра, за пласманот во нокаут фазата добиле уште 37,5, додека за победа во финалето уште 4 милиони евра.

Покрај тоа, европската фудбалска асоцијација ќе му исплати и историски бонус од 23 милиони евра. Во касата на Ливерпул веќе се слеваат и уште 3,5 милиони евра за идно учество во Супер Купот на Европа, како и  12,6 милиони евра англискиот од маркетинг правата.

Досега рекордна добивка имаше италијански шампион Јувентус. Во 2017 година, „бјанконерите“ освоија 109 милиони евра.