Денеска на роденденот на селекторот Игор Ангеловски, се собираат фудбалерите на нашиот национален тим, а од утре почнуваат официјалните подготовки за нашиот а престојните два квалификациски натпревари против Полска и против Австрија на 7-ми и на 10-ти јуни во Скопје.

Ангеловски, засега, нема откажувања на оние фудбалери кои ги повика за овие два натпревари, и покрај тоа што неколкумина имаа повреди во последните неколку недели.

Се очекува денеска да се комплетира селекцијата и како таква утре официјално да ги почне подготовките.