За многумина, оваа, 2019 година многу потсетува на онаа, историската 2017, кога Вардар седна на кровот на Европа.

Премногу „случајности“ има во целата приказна, а сакале да признаеме или не, коцките некако така се редат. Во комплетната приказна има уште еден детаљ од синоќа – Веспрем.

Со унгарскиот првак се започна во 2017, кога во финалето на Ф4 во СЕХА лигата во Брест, „црвено-црните“ со 26:21, ја стартуваа бајката. Сега, две години подоцна сето она што започна во белорускиот град, може да биде заокружено против Веспрем, но во Келн.

Финалето е закажано за 18 часот во „Ланксес“ арената во Келн.