Организаторите на Ролан Гарос буквално го избламираа четвртиот светски рекет во машка конкуренција, Доминик Тим, по неговиот меч со Куевас и пласманот во осминафиналето. Австриецот во текот на средбата со новинарите, добил известување од организаторите дека мора да ја заврши прес-конференцијата и да ја напушти просторијата.

Причина: Серена Вилијамс одбила да почека, додека Доминик Тим да ја заврши прес-конференцијата.

По скандалот, Австриецот им се обратил на луѓето од организацијата со зборовите:

„Јас не сум дете. Навистина не ве разбирам, ова е крајно несериозно. Мора да е некоја шега… треба да ја напуштам просторијата, бидејќи доаѓа таа? Ако е така, си одам, нема потреба да ме бркате, но да знете можам и јас да ви го направам истото“.

Како што е познато, Серена ги заврши настапите на Роланд Гарос по поразот вчера од својата сонародничка Кенин.