Навивачите на Вардар кои вчера се плашеа за билети, успеале да влезат во „Ланксес Арена“. Чекањето се исплатело, „тапкарошите“ не успеаја да ќарат, ние Македонците сме итри, па не можат да тераат „бизнис“ со нас, на крајот еден билет го продавале по цена од 40 евра.

И денеска пред салата сликата е иста. Цената секако е неприфатлива, во моментов доколку сакате да го гледате финалето ќе мора да издвоите околу 120 евра, но ова е само почетната цена, секогаш има простор за надавање.

Посакуваме на трибините во „Ланксес Арена“ да има што поголем број на „црвено-црни“ фанови, оти Веспрем буквално го запоседна градот.