Јирген Клоп не е веќе лузер, сега е херој на Ливерпул, тој е Германецот кој на „редсите“ им ја донесе шестата титула европски првак. Харизматичен, лукав, од секоја ситуација знае да се извлече и тоа да го искористи. Првиот трофеј со Ливерпул го освои по 1332 денови на клупата а во тој период потрошил 432 милиони евра.

Тој не крие дека е заљубен во Боливуд, дека ептем ги сака индиските филмови а дека главен јунак му е глумецот Амитабх Бачачан.

Се чини дека малку кој знае дека во 2013 година Клоп бил на трансплатација на коса. „Да, тоа е вистина, мислам дека кога ќе погледнете како изгледам, ќе видите дека резултатите се задоволителни“, изјавил Клоп на таа тема.

Сепак најинтересно е тоа што тој, како што вели самиот, обожава да пешачи и во тие моменти тренерски бил најпродуктивен. Се случувало додека пешачи да направи тактика за следниот меч или пак да иззанализара нешто посебно од последниот. Во Борусија Дортмунд беше седум години стратег, освои шест трофеи, а ги фрапирал сите кога речиси кои секоја домашна средба на неговата екипа се враќал дома пешки.