Тешко е да се најде вистински збор за делата на вардаровите ракометари. Убаво кажа капитенот на Вардар, Стојанче Стоилов, во македонскиот вокабулар не постои таков збор.

И ние новинарите останавме без зборови: херои, борци, златни момци, јунаци…не се доволни ниту достојни, па затоа одлучивме пред финалето да подготвиме една посебна фотографија и да ја посветиме на Вардар…Ваквите историски моменти даваат посебна инспирација…