Како и што беше планирано, повеќе автобуси на ЈСП Скопје веќе се на пат кон аеродромот во Скопје да ги пречекаат нашите ракометни херои. Иако летот е презакажан и „вардарци“ во Скопје ќе слетаат околу 20.30 часот, планот останува ист, а фановите најавуваат добра забава и голема фешта. За тоа зборуваат и фотографиите.

Една група навивачи предводена од „Комитите“ тргнува од пред СЦ „Јане Сандански“.