Кирил Лазаров остана најдобар стрелец на Ф4 турнирите во Лигата на шампиони со 65 гола.

Единствен кој имаше шанси да го мине беше Момир Илиќ. Ракометарот на Веспрем постигна само два гола и стигна до бројката од 58 погодоци. Во финалето против Вардар запиша само еден гол.

За потсетување капитенот на македонската репрезентација е лидер и на вечната листа на стрелци.