Руските репрезентативци во Вардар Дмитри Кисељев и Глеб Калараш го освоија премиерниот европски пехар, а се презадоволни од ова што го гледаат во Скопје. Еуфоријата, дочекот, забавата…

„Ова е нереално! Ова е лудо! Не можевме да си го замислиме ни во најлудите соништа… Фантастични навивачи, каква поддршка и љубов од сите страни. Неверојатно!!! Уживаме“, се сложуваат во изјавите руските национали.