Сите, буквално сите ракометари кои во текот на целата сезона работеа заедно имаат свој удел во новата вардарова историја. Дел од „црвено-црните“ момци денеска за последен пат ќе бидат поздравени од фановите на Вардар, за жал само Рожерио Мораес поради оправдани нема да биде меѓу нив.

Бразилецот следната сезона ќе го носи дресот на Веспрем, тимот против кого одигра без грешка во финалето. Мораес имаше шест гола од исто толку обиди, жарот во неговите очи не велеше дека унгарскиот првак ќе биде негова следна дестинација. Играше со сето срце, сакаше бајката да има совршен крај. Во одбраната беше феноменален, во нападот стрелаше без пардон. Токму затоа првиот Бразилец кој играл во еден македонски тим со златни букви ќе биде запишан во историјата на Вардар, на овој спорт.

Со среќа Рожерио Мораес, се гледаме можеби следната сезона!